Млад скопјанец претепан сред бел ден во автобус на ЈСП

0
47

Млад скопјанец бил физички нападнат од едно лице во автобус на ЈСП, во текот на вчерашниот ден, а случајот го пријавил во полиција.

„На 27.04.2023 во 17.20 часот во СВР Скопје, Д.К.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице“, изјавија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.