Вучиќ до косовските власти: Не смеете ниту да сонувате за намерно да ги протерате Србите

0
43

Обраќајќи им се на граѓаните на Сокобања, за време на обиколката на областа Зајечар, Вучиќ оцени дека зад одлуката на Владата на Косово да го отвори мостот на Ибар во Косовска Митровица стои намерата на косовскиот премиер Албин Курти да ги „протера Србите од северот на Косово“.

„Денеска окупаторскиот гаулајтер на северот на Косово и Метохија, Албин Курти, донесе одлука, само неколку дена по тие срамни, лажни избори, да го отвори мостот кој беше брана и чувар на интересите на нашиот народ во северно од Косово и Метохија, Албанците од јужниот дел да не ја заземат Северна Митровица, тоа е нивна долгогодишна идеја, сакаат конфликти по секоја цена и да ги протераат Србите“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека Србија ќе стори „сѐ што е во нејзина моќ“ за да го зачува мирот, но дека нема да дозволи протерување на Србите од Косово.

„Немојте ни да сонувате дека ќе успеете во вашите намери да ги протерате или уништите Србите во кој било дел на Косово и Метохија. Во тој случај ќе знаеме што ни е работа“, рече претседателот на Србија, објави српски Курир.

Извор Канал5