Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во државава – кај нив била пронајдена марихуана

0
32

Вчера на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Р.(32) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден околу 21.40 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Џ.(24) од с.Црвица, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така вчера во 19.05 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Д.(29) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.