Почина жената која падна од прозорец на српското Министерство за одбрана

0
45

Српското Министерството за одбрана соопшти дека жената која вчера падна од прозорец на седмиот кат на Министерството починала.

– И покрај извонредните напори и посветеност на лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, животот на нашата колешка не беше спасен. Вицепремиерот и министер за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ упатија телеграми со сочувство до семејството на починатата С.С, се вели во соопштението.

Жената која вчера падна додека работејќи во Министерството за одбрата работела од 1988 година.