Скопјанец (40) си ја нападнал мајката (66) со тврд предмет, а потоа се заканил со остар предмет

0
20

Денеска (18.04.2023) во 08.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето (40) од Скопје, затоа што на 17.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 66 – годишна мајка, при што употребил тврд предмет, а ѝ се заканил со остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.