Судар на автобус на ЈСП и автомобил, двајца тешко повредениqa

0
21

Две лица, маж и жена се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера вечер на крстосницата меѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје. Пренесени се на лекување во Комплексот клиники.

До нсреќата дошло откако воизлот во ке биле повредените се судрило со автобус на ЈСП.

– На 08.04.2023 околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Скопје и автобус на ЈСП Скопје „јутонг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Т.М. и неговата сопатничка Е.К.(36) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопј, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.