Тетовец со месеци ја тепал и држел заклучена 19-годишната вонбрачна жена

0
23

Од декември 2022 година, 21-годишник од Тетово вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолго време била заклучена во една соба и секојдневно била физички малтретирана, со бројни телесни повреди.

Кога осомничениот во еден момент заборавил да ја заклучи вратата, жената искористила прилика да побегне и да го пријави случајот во полиција.

За овој случај Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка, а до судијата од Основниот суд во Тетово доставен е предлог за определување мерка притвор.

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.