„Беласица“ ќе биде затворена од два месеца до една година

0
53

Детална форензика на еден мост е комплициран потфат, изјави деканот на Градежен факултет Горан Марковски.

Според него, доколку истрагата покаже дека е потребна скромна санација, таа би траела најмалку два месеци, а доколку е потребна сеопфатна санација тогаш ќе треба околу една година.

Мостот „Беласица“ беше оштетен пред една недела, сега е затворен за сообраќај а како главна сообраќајна артерија, предизвика невиден сообраќаен хаос во Скопје.

Ова го посочи професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски во утринската емисија на телевизија „Телма“.