Претрес во Кавадарци: Полицијата пронајдени амфетамин, хероин и марихуана – уапсени двајца дилери

0
22

На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.М.(35) и Г.Н.(36), двајцата од Кавадарци. Околу 19.10 часот бил забележан Г.Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М.М. и како разменуваат нешто, а откако излегол од дворот, на улица „7 Септември“ бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна приј

ава.