Во акција на Европол уапсени 288 лица за илегална трговија на Дарк веб

0
43

Во операцијата со кодно име „СпекТор“, со која координираше Европол, се уапсени 288 лица кои се осомничени за купување или продавање дрога на т.н. дарк веб кој не е видлив за обичните пребарувачи. Во рамки на акцијата се запленети над 50,8 милиони евра во кеш и во виртуелни валути, 850 килограми дрога и 117 парчиња на огнено оружје, соопшти Европол. Полицијата на откри и ја блокира нелегалната платформа „Монопол Маркет“

Акцијата е продолжение на операцијата на германската полиција во 2021 година во која беше запленета криминалната инфраструктура на платформата.

Запленетата дрога вклучува повеќе од 258 килограми на амфетамини, 43 килограми на кокаин, 43 килограми на МДМА и преку 10 килограми на ЛСД и екстази таблети.

Операцијата „СпекТор“’ се состоеше од низа на посебни комплементарни акции во девет земји. Апсењата се случија во САД – 153, во Велика Британија – 55, во Германија – 52, во Холандија – 10, во Австрија – 9, во Франција – 5, во Швајцарија – 2 и по едно во Полска и во Бразил.