Брнабиќ: Не очекувам ништо од средбата во Брисел, Курти намерно го крши договорот

0
43

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека нема очекувања од денешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел, бидејќи, како што рече, не само што не ја гледа намерата на Приштина да го спроведе договореното пред десет години, туку смета дека Приштина намерно го прекршува Бриселскиот договор, објавија косовските медиуми.

„Не гледам како нештата ќе се променат по повеќе од десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор како прв договор за нормализација гарантиран од ЕУ со неговиот потпис. Не гледам никаква подготвеност во Приштина,“, рече Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Таа додаде дека проблемот не е само што не спроведуваат ниту збор од Бриселскиот договор, туку и што во текот на 2022 и 2023 година директно го прекршиле словото од Бриселскиот договор со тоа што им го ускратиле правото на Србите да гласаат на изборите што ги распиша Белград во 2022 година.

Брнабиќ заклучува дека Курти не само што не го спроведува Бриселскиот договор, туку и го прекршува.

„Но, и со овие квази-избори што се одржаа на северот на Косово и Метохија, повторно ништо за тоа не слушнав од ЕУ. Всушност, она што се слушна беа практично гласови за одобрување за прекршување на Договорот од Брисел од страна на Приштина, така што денеска немам никакви очекувања.Се трудиме да продолжиме да бидеме толерантни, да го зачуваме мирот и некаква стабилност и покрај напорите на Приштина да предизвика дестабилизација“, рече премиерот.

Извор С.П