Гостиварец прегазил пешак и побегнал, подоцна бил пронајден и приведен

0
23

26-годишен жител на Гостивар вчера прегазил 65-годишен граѓанин со својот автомобил, по што избегал од местото на несреќата, но набргу бил пронајден и уапсен, соопшти МВР.

„На 16.05.2023 во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар, по што го напуштило местото, но возачот набрзо бил пронајден и приведен. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“,“ велат од полицијата.

Ба местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.