Дојави за бомби во ВМА, Клиничкиот центар „Ѕвездара“ и Зоолошката во Белград

0
69

Дојави за поставени експлозивни направи утринава пристигнале во Клиничкo-болничкиот центар „Ѕвездара“ и во ВМА во Белград, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата за српскиот национален радиодифузен сервис – РТС потврдуваат дека дојава за бомба има и во Зоолошката градина во Белград.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека антитерористичките екипи се на терен и се вршат проверки.