Двајца убиени во пукање во фабрика на „Мерцедес“ во Германија

0
73

Две лица се убиени денеска во пукање во фабриката на Мерцедес во јужна Германија, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори од компанијата.

Повикана е брза помош по пукање во фабрика во Синделфинген, недалеку од Штутгарт, објави германскиот весник „Билд“.

„Во просториите на фабриката во тек е полициска акција. И полицијата и брзата помош се таму“, објави градската полиција на Лудвигсбург на Твитер.

Немаше никаква опасност за јавноста, додаваат од полицијата, пренесува Би-Би-Си на српски.

Портпаролот на Mercedes-Benz потврди за AFP дека во фабриката во Синделфинген е во тек полициска операција и дека веќе нема никаква опасност за персоналот или за јавноста.

„Поради природата на тековната полициска истрага, не можеме да дадеме повеќе детали“, рече портпаролот.

 

 

 

На местото на пукањето има голем број полицајци, како и два хеликоптери и неколку лекари од итната помош, пишува Билд.

Се наведува дека пукањето се случило околу 7:45 часот во просториите на фабриката на производителот на автомобили во Синделфинген.

Пријавено е дека полицијата уапсила 53-годишен маж.

Нема повеќе опасност за вработените во фабриката и населението“, соопштија од Мерцедес-Бенц, потврдувајќи ја полициската операција и интервенцијата на лекарите од итната помош во просториите на фабриката.