„Татко му договори да не оди во затвор, тој направи се што сакаше синот“, велат соседите за масовниот убиец

0
39

Мештаните на Дубона, од каде потекнува Урош Блажиќ (20) убиецот кој направи масакр во Младеновац и околината, по апсењето на неговиот татко Радиша ќе потпишат петиција за дотичната фамилија да се исели од селото.

Бесни, револтирани и ожалостени селани, ден по апсењето на таткото на убиецот, кај кого е пронајден цел арсенал оружје, наведуваат дека тоа требало да се случи порано.

Штом се дозна дека нивниот син убил невини деца, требало да бидат уапсени и таткото и мајката. Кога нивниот син ги уби децата на почетокот на нивниот живот, покрај него, виновни биле и родителите. Зборуваат за тоа како нивниот син уште порано бил познат како проблематичен млад човек кој убивал животни, возел трактор со ненормална брзина, а подоцна и мотоцикл низ центарот на селото и секогаш имале изговор за се“ – изјавиле потресените луѓе, пренесува порталот „Нова.рс“.

Еден од познаниците на семејството наведува дека малолетниот Урош едно време бил крајно арогантен, а пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.

 

„Знаеш кој се погрижи да не оди во затвор? Тато. Тој правеше што сакаше, а тато реши се. Правеше проблеми и на училиште, па кога и се заканија дека ќе и се јават на мајка му, тој се насмеа и се потсмеваше со коментар: „Не мораш да се мачиш, ќе дојде мојот старец и се ќе ти објасни“, вели соговорникот.

Осомничениот Урош според жителите на Дубона, често учествувал во тепачки.