Девојче со нож нападнала соученичка во училиште во Зрењанин

0
64

Ученичка во ОУ „2 Октомври“ во Зрењанин, Србија, денеска е повредена во напад со нож од 13-годишна ученичка од тоа училиште, соопштено е денеска, пренесува N1.

Полицијата соопшти дека повреденото девојче е хоспитализирано во болницата во Зрењанин.

Како што пренесуваат српските медиуми, сѐ уште официјално не се знае за какви повреди станува збор, за полицискиот увид е во тек.

За случајот е известено Вишото јавно обвинителство Зрењанин.