Драма во Нови Сад: Влетал во солариум, ја убил девојката, па си пресудил

0
80

Веднаш потоа си пукал во глава и од здобиените повреди починал во Клиничкиот центар Војводина, каде итно бил пренесен. Според Телеграф, мажот продавал оружје во продавница лоцирана недалеку од солариумот. Инаку бил ловец.

Убиецот и претходно бил пријавен за насилство врз таа девојка, пишува Телеграф. За девојката му била одредена забрана за приближување, а целото оружје му било одземено поради насилство врз неа пред неколку недели.

Се претпоставува дека тој денеска го украл оружјето со кое го извршил делото.

Екипата на итната помош која, според Телеграф, случајно поминала покрај солариумот веднаш по нападот, реагирала на лице место и се обидела да ја реанимира девојката, но таа не можела да се спаси.

Девојката е сопственичка на салон во Нови Сад, а на местото на трагедијата пристигнало и нејзиното семејство, јавува репортерот на Телеграф од терен.