Запленети, дрога, вага, дробилка: Уапсен дилер од Прилеп

0
52

На 05.05.2023 година, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Т. (20) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети.

Р.Т. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.