ВИДЕО | Српската полиција објави снимка од апсењето на убиецот Урош

0
51

Припадници на српското МВР го уапсиле Урош Б.(2002), кој убил осум лица, а ранил 14. Како што наведуваат од српската полиција, откако го извршил убиството, тој запрел таксист и го принудил да го однесе во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што полицијата го уапсила.

Со претрес на викендицата што ја користел осомничениот во Шевшин, полицијата пронашла пиштоли, ловечки нож и други делови од оружје, 164 куршуми со различен калибар, четири рачни бомби, неколку кутии муниција, рамка за пиштол, како и автоматска пушка без фабрички број.

Во акцијата учествуваа повеќе од 600 полицајци. Понатамошната работа на полицијата и обвинителството е во тек.

Извор С.П