Кумановка со остар предмет нанела повреди на сограѓанин

0
24

Четириесетгодишна кумановка била приведена рано утринава под сомнение дека со остар предмет нанела повреди на сограѓанин.

На 23.05.2023 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Г.И.(40) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 03.20 часот на улица „Гоце Делчев“ со остар предмет го нападнала М.С. (43) од Куманово и му нанела повреда констатирана во Општа болница Куманово, информираат од кумановската полиција.

М.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.