МОН: Добивме десетина пораки за пријавување насилство

0
24

По српскиот бран насилства и масакри дури сега започна да се прави анализа на состојбите во македонското школство.

МОН објави дека на електронските адреси изминатите два дена добиле десетина пораки за пријавување насилство. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

Се работи за eлектронските адреси  prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик, на кои се повикуваат учениците, професорите, сите граѓани да пријават насилство.