Рудари загинале при пожар во рудник во Перу

0
28

Се уште не е познат бројот на рудари кои загинаа во пожар во рудник за злато во Перу, соопштија тамошните власти. Можеби 27 рудари ги загубија своите животи, соопшти локалната власт каде што се наоѓа рудникот, во јужниот регион Арекипа.

Владата на Арекипа објави дека бројот на жртвите не е потврден „бидејќи немало начин да се комуницира со рудникот“. Се додава дека краток спој можел да го предизвика фаталниот пожар во саботата. Сликите објавени од локалните медиуми и на социјалните мрежи покажуваат темни облаци од чад. Со рудникот стопанисува мала компанија.

Во саботата околу пладне на местото на настанот пристигнале медицински експерти за да им укажат помош на повредените, меѓу кои и тројца спасувачи, додаваат од локалната самоуправа. Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата. Секоја година се случуваат десетици фатални несреќи, главно во мали рудници.