На бугарскиот европратеник Ковачев не му било дозволено влез во Македонија

0
21

На европратеникот Андреј Ковачев не му беше дозволен влез во Северна Македонија, јавува БТВ.

„Секоја година, на 6 мај, го почитуваме споменот на бугарските војници загинати и принесуваме цвеќе на Споменикот во Ново Село. Денеска заедно со Милен Врабевски не ни беше дозволен влез во Северна Македонија без никакво објаснување“, рече тој.

Вработените на граничниот премин „Златарево“ од македонска страна на европратеникот од ГЕРБ/ЕНП му порачаа дека има 24 часовна забрана за влез во државата.

Тој изрази длабоко разочарување бидејќи овие акции доаѓаат во позадина на веќе влошените односи меѓу двете земји.

Ковачев изјави дека се обидува да стапи во контакт со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, но не успеал.

Тој тврди дека уште најмалку четворица Бугари биле вратени од граница откако не биле примени во РСМ.

Потсетуваме, денеска, по повод Ѓурѓовден, на воениот споменик во Ново Село во РСМ беше планирано да се одржи погребна литургија во спомен на бугарските војници загинати во борбите за национално обединување.