Косово ги доби турските дронови „Бајрактар“

0
44

Косовските безбедносни сили во иднина во својот арсенал ќе ги имаат турските беспилотни летала „Бајрактар“, пренесува „Euronews Albania“.

На меѓународниот аеродром во Приштина во изминатите два дена пристигнале беспилотните летала, поради што биле распоредени безбедносни сили.

Медиумите во Турција се обидоа да добијат официјални информации од косовското Министерство за одбрана, но „функционерите од ова министерство не одговориле на повиците“.

Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај при минатогодишната посета на Турција беше запознаен со беспилотните летала и најновата технологија произведена од компанијата „Бајкар“.

Исто така, косовската претседателка Вјоса Османи минатата година ја посети фабриката за дронови „Бајрактар“.

Ова турско беспилотно летало се здоби со популарност поради војната во Украина, кои успешно беа искористени за запирање на руската агресија.

Во април 2022 година, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност за купување на „Бајрактар“.

„Побарав од (турскиот претседател) Ердоган пред ред да набавиме „бајрактари“ и да ги вклучиме во вооружувањето на српската армија“, рече тогаш Вучиќ.