Нов скандал во Белград: Поранешна ученичка со нож нападна ученик и професорка во средно училиште

0
42

Само еден ден после трагедијата во Белград која ја остави во шок цела Србија, се случи уште еден инцидент во училиште во српскиот главен град.

Поранешна 15-годишна ученичка на гимназијата „Руѓер Бошковиќ“, нападнала ученик (15) и наставничка која се обидела да ја спречи.

Ученикот и наставничката се тешко повредени, а училиштето веднаш евакуирано, пренесуваат српските медиуми.

Таа го донела ножот од дома, а се испитуваат мотивите за нападот.

Во вчерашниот напад во основното училиште Владислав Рибникар, 13-годишен ученик со пиштол уби осум деца и обебзедувањето на училиштето, додека рани уште четири ученици и една наставничка. Едно дете и натаму е во критична состојба.