Приведено лице од гостиварско поради сторено кривично дело „пустошење на шума“

0
40

Вчера попладне во 18.35 часот во село Добридол, гостиварско, од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода 50-годишниот З.Ш. од село Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик, извести МВР.

Имено, на место викано „Старо школо“ во село Добридол пронајдени и одземени се околу 30м3 огревни дрва, без соодветна дозвола (без шумски жиг), а кои претходно пријавениот бесправно ги исекол, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.