Пукање во Скопје: Насилници нападнале татко и син со кои претходно направиле сообраќајка

0
26

„Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „Мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што пријавителот и неговиот син Б.Ф.(22) биле физички нападнати од Б.С., Ј.С. и Т.С., кој притоа извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух“, објави МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.