Средношколец со пиштол ограбил ученик во училишен двор во Чаир

0
21

Полицајци денеска уапсиле ученик во основно училиште во скопската населба Чаир, откако со закана од пиштол ограбило друго дете во училиштето, соопшти МВР.

„Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето“, се вели во полициското соопштение.

„Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.