Средовечен маж од Македонски Брод од лажен профил на Фејсбук му испраќал недолични фотографии на девојче

0
24

Преку лажен профил на Фејсбук, под женско име и презиме, 48-годишен жител на Македонски Брод ѝ испраќал недолични фотографии на малолетничка, соопшти полицијата.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Б.(48) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 01.02.2022, пријавениот креирал лажен профил со женско име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук и на малолетничка ѝ испраќал фотографии со експлицитна содржина“, пишува во полицискиот билтен.

Из С.П