Трагедија во Хјустон: Го заборавиле бебето во када додека течела вода

0
27

Трагедија се случи во семејна куќа во југозападниот дел на Хјустон. Бебе се удави во када откако неговата мајка наводно оставила тинејџер да го пази бебето додека таа готви вечера.

Според американските медиуми, 14-годишното дете излегло од собата за да го користи компјутерот, но наводно заборавило на бебето во када. Водата во тоа време продолжила да тече.

Дури кога мајката отишла да го провери бебето, открила дека детето не реагира во кадата полна со вода и веднаш повикала 911.

За брзо време пристигнала полицијата и болничарите, бебето не можеше да се спаси. Тоа е прогласено за починато во локалната детска болница.

Други детали за случајот не се познати, ниту полот, ниту возраста на бебето, ниту полот на тинејџерот. Не се знае ни дали се браќа и сестри или дали децата се поврзани на некој друг начин.

Полицијата отвори истрага, но ABC пишува дека според првите податоци не се работи за убиство, туку за сплет на несреќни околности кои довеле до трагедијата.

Давењето е најчеста причина за случајна смрт кај деца на возраст од 1 до 4 години во САД и втора најчеста причина за случајна смрт кај деца на возраст од 5 до 14 години.