Уапсен српски полицаец, кој претепал до смрт млад човек во кафуле, па избегал во Босна

0
46

Припадниците на Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска на територијата на Требиње денеска го лоцирале и уапсиле Игор А., припадник на МВР на Србија, осомничен за убиство во Прибој, пренесува „Блиц“.

По Игро А.(28), роден во Прибој, кој е вработен како полицаец во Белград, се трага од неделата утрото, поради сомнение дека извршил убиство.

Тројца од Прибој се зад решетки, под сомнение дека му помогнале на Игор А. да избега – девојка вработена како граничен полицаец, еден од неговите пријатели и роднина. Во вторникот, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Ужице им одреди мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото.

Кобната ноќ, Игор А. го удрил Еврин Ќелахметовиќ со три тупаници во главата, во близина на кафеана во центарот на Стари Прибој. Од повредите, Ќелахметовиќ паднал и изгубил свест, а два часа подоцна починал во болницата во Прибој поради крварење на мозокот предизвикано од кинење на голем крвен сад.

По прегледувањето на снимката од безбедносната камера, констатирано е дека дошло до кратка расправија меѓу полицаецот и несреќниот Емир, која кулминирала со трагедијата.