Уапсен таткото на седмоодделенецот, заедно вежбале стрелање, а пиштолите ги чувал во сеф

0
40

Момчето, како што беше речено на вонредна прес-конференција, имало список со имињата на децата што планирал да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што му го земал на татко му.

„Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко вежбале стрелање. Во секој случај мерките предвидени со закон ќе бидат преземени и против таткото“, изјавиja oд српското МВР.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот се јавил во полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“ и пријавил дека застрелал неколку луѓе.