Уапсен убиецот што направи масакар во Младеновац

0
62

Припадници на српското МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У.Б.(21). Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица, а ранил 14. На повредените им била укажана лекарска помош во болниците. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан.

Да потсетиме, крвавиот масакар почна синоќа околу 23 часот во селото Дубона кај Младеновац, а во потрагата по осомничениот беа вклучени повеќе од 600 припадници на полицијата, жандармеријата и специјалните единици. У.Б. пребарувале со помош на хеликоптери, дронови и кучиња.