Уапсен 27 годишен тетовец – полицијата кај него пронајде кокаин

0
39

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (11 мај) околу 23 часот и 10 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „108“ во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.