Хаос во Црна Гора: Аеродромите затворени, авионите кружат во воздух

0
29

Поради дојава за наводно поставена бомба, на аеродромот во Подгорица и Тиват се испратени антидиверзантски увидни. Авионите што требаше да слетаат, кружат на небото, додека да се отстранат сомнежите.

-Од персоналот на аеродромот во Подгорица и аеродромот Тиват, службеници од Управата на полицијата биле известени дека примиле два телефонски повици, од број од странство, со заканувачки содржини во однос на безбедноста на авионот. Управата на полицијата, согласно воспоставени постапки, презема мерки и дејствија од нејзина надлежност, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од Полициската управа.

Аеродромските служби им рекле на пилотите на авионот, кој по 9 часот требало да слета во Голубовце и Тиват, да кружат горе и да чекаат полицијата да заврши со увидот.

Во изминатата година имаше неколку низа лажни дојави за поставени бомби во згради на државни институции, училишта…