45-годишен скопјанец претепан во Карпош

0
27

46-годишен скопјанец бил физички нападнат од едно лице на територијата на Карпош. Веднаш по инцидентот, случајот го пријавил во полиција.

„На 16.05.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, А.Б.(46) од Скопје пријавил дека во 00.15 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Карпош бил физички нападнат од едно лице“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи испратено до медиумите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.