Уапсен е претседателот на Врховниот суд на Украина, дома му се најдени милиони во кеш (ФОТО)

0
19

Претседателот на Врховниот суд на Украина е уапсен под сомнение за корупција, соопшти обвинителството на специјалната канцеларија за борба против корупцијата во земјата.

Обвинителот не го спомна името на приведениот, само рече дека се работи за првиот човек на Врховниот суд кому се уште не му е врачено службено „известување за сомнение за сторено кривично дело“. Со Врховниот суд на Украина претседава Всеволод Книјазиев. Тој не беше достапен за коментар.

Канцеларијата на Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави дека „се разоткри корупција од големи размери во Врховниот суд“. Тие тврдат дека судиите и другите лидери на Врховниот суд на Украина „добиле незаслужени исплати“.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) објави фотографија од снопови долари уредно наредени на кауч.

„Гледате дека преку прикажување на реални случаи, вистински дела, што е нашиот приоритет: корупција и криминална организација во самиот врв на власта“, рече директорот на НАБУ, Семен Кривонос.