Приведен малолетник од Мралино кој од обложувалница го украл дневниот промет

0
23

Малолетник од Мралино е осомничен дека на 30 април годинава со закана одземал пари од вработена во спортска обложувалница во Петровец. Полицијата вчера го лишила од слобода, а тој во службен разговор, во присуство на родител го признал делото.

На 04.05.2023 во 04.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба лишиле од слобода малолетник од с.Мралино, општина Илинден. Тој се сомничи дека на 30.04.2023 извршил кривично дело „разбојништво” во спортска обложувалница во с.Петровец, при што со закана од вработената одзел пари, соопшти МВР.

Полицијата пронајде и предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.