Нападнати малолетници во училишен двор во Тетово, една од причините недоразбирања меѓу нивните семејства

0
69

Четириесет и петгодишниот тетовец А.Р. вчера во 13 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека околу пладне во дворот на тетовско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од друг ученик од истото училиште, а поради поранешни недоразбирања меѓу нивните семејства.

„Истовремено, 53-годишната С.Р. од Тетово пријавила дека нејзиниот пријавен син бил физички нападнат од двајца малолетници-ученици во училиштето. Се работи на расчистување на случајот, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.