Со „фиат“, младо момче од кочанско излетало од патот – има тешки повреди

0
20

Вчера околу 01.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Кочани, на крстосница „Компосара“, патничко возило „Фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(21) од с.Грдовци, излетало од патот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.А., констатирани во Општа болница Кочани“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.