Шокантни детали од истрагата: Коста го проучувал кривичниот законик и сфатил дека не може да оди во затвор за убиствата

0
39

Вештачењето на телефонот на 13-годишниот Коста Кецмановиќ кој уби 8 ученици и чувар во училиште во Белград покажало дека тој истражувал како да избегне затвор. Коста на интернет го пребарувал кривичниот законик на Србија и се интересирало дали малолетници можат кривично да одговараат.

Ноќта пред масовното убиство гледал филм за масакар во училиште во САД и масакрот го планирал повеќе од еден месец, а при претресот беа пронајдени списоци и планови за тоа како да го изврши масакрот.

Трет ден жалост во Србија по масовните убиства во кои има 17 жртви.