Во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово: Петмина повредени, двајца со потешки повреди

0
56

Тетовската полиција извести дека вчера во 18.20 часот е пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај клучка Групчин, возило „рено“ управувано од З.М.(20) од скопското село Морани, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца сопатници Х.М.(46) и Е.С.(51), двајцата од Морани, а З.М и уште двајца сопатници се здобиле со полесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.