Британец починал на одмор откако се обидел да испие 21 коктел од менито на хотелот

0
29

Маж од Британија починал додека бил на одмор со своето семејство на Јамајка, откако се обидел да го исполни предизвикот кој вклучувал пиење на 21 коктел од менито на одморалиштетo.

Според ИТВ Њус, Тимоти Саутерн (53) од Стафордшир успеал да испие 12 различни коктели од менито пред да се врати во својата хотелска соба, каде подоцна починал од акутен гастроентеритис поврзан со консумација на алкохол.

Истрагата за смртта на мажот откри дека тој пиел виски и пиво наутро пред да одлучи да учествува во предизвикот за пиење коктел, што решил да го направи откако се сретнал со две Канаѓанки кои го прославувале својот роденден, кои се обидувале да го завршат предизвикот пред полноќ.