Земјоделец паднал од трактор во велешко, го прегазило тркалото

0
35

Повозрасен земјоделец од велешко е тешко повреден откако паднал од трактор и го прегазило задното тркало, соопшти МВР.

„На 27.06.2023 околу 08.40 часот во СВР Велес е пријавено дека во с.Кочилари, велешко, во близина на овоштарник, А.К.(68) од с.Долно Каласлари, велешко, паднал од тракторот и бил прегазен од тркалото, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес“, се вели во полициското соопштение.