ВИДЕО | Белгиец ја лажирал сопствената смрт за да види кој ќе му дојде на погреб

0
26

Белгиецот Давид Баертен (45), во договор со сопругата и децата, решил да ја лажира сопствената смрт и да види кој се грижи за него, пишува „Њујорк пост“.

Со објава на социјалните медиуми, неговата ќерка ги известила роднините и пријателите за „смртта“ на татко ѝ.

„Тато, почивај во мир. Јас никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку нефер. Зошто ти? Требаше да станеш дедо, ти го имаше целиот живот пред себе. Те сакам! Ние те сакаме! Никогаш нема да те заобравиме“, напишала таа.

На лажниот погреб, кој се случил минатиот викенд, пристигнале десетици негови пријатели и членови на семејството. Додека чекале да започне церемонијата, тие забележале слетување на хеликоптер во близина.

„Мртвиот човек“ излегол од хеликоптерот и почнал да се поздравува со ужалените роднини и пријатели. Некои веднаш се стрчале кон него и го гушнале, но некои останале сосема збунети од неочекуваните случувања.

По големиот број негативни коментари што ги доби на социјалните медиуми, тој морал да даде појаснување зошто се одлучил да ја лажира сопствената смрт.

„Ме боли како се однесуваат луѓето во моето семејство. Никогаш не ме канат никаде. Никој не ме гледа, се разделивме и се чувствувам неценето. Затоа сакав да им дадам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекаат некој да умре за да дојдат да го видат“, објасни тој.

Баертен раскажал дека оние кои не пристигнале на погребот, веднаш го исконтактирале откако дознале што се случило.

„На тој начин видов кој навистина се грижи за мене. Тие што не дојдоа, ми се јавија да се видиме. Па така сметам дека успеав во тоа што го замислив“, рече тој.

Извор С.П