ВИДЕО: Во Раотинце се повеќе ниви и домови поплавени, водостојот на Вардар се уште критичен

0
38

Водостојот на Вардар во село Раотинце, Општина Јегуновце е речиси на исто ниво во споредба со синоќешната квота, велат од месната заедница на ова село. Но, проблем е што утринава се забележани се повеќе поплавени ниви и домови.

„Како што гледаме водостојот е речиси ист, можеби за неколку сантиметри намален, но тоа не ја менува многу состојбата. Голем проблем е што се повеќе ниви и домови сега се под вода оти излеаната вода од реката Вардар мора некаде да заврши, а нашите домови и ниви се покрај реката и утринава веќе евидентиравме дека има повеќе поплавени објекти и земјоделска површина. Добро е што дождот престана да врне, но стравот се уште постои“, вели Васко Јанчевски од месната заедница од Раотинце.

Извор СП