Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена

0
37

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва за националниот сервис РТС го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека сака да предизвика војна.

Обвинувањата од Вучиќ доаѓаат откако денеска тројца припадници на косовската полиција беа уапсени од српските сили. Приштина обвини дека станува збор за киднапирање што се случило на косовска територија во близина на границата, а Белград, пак, вели дека косовските специјалци навлегле длабоко во централна Србија и затоа биле уапсени.

„Да избегнеме шпекулации бидејќи се наоѓаме на раскрсница – сакаме ли сè уште мир или не. И тоа не благодарение на нашата намера да немаме мир туку благодарение на тоа што постои еден човек на Балканот кој сака да предизвика војна и судир по секоја цена – станува збор за Албин Курти“,

рече Вучиќ на РТС.