Детонации во близина на полициски станици на северот на Косово

0
46

Три експлозии одекнаа во текот на ноќта на северот на Косово, изјави за Танјуг заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

Ељшани рече дека една шок бомба била фрлена во близина на полициската станица во Звечан, а една во близина на полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица.

Тој додаде дека е каменувано и едно полициско возило, а врз него била фрлена и шок бомба.