ЕУ: Подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата на северот на Косово

0
42

Неуспехот да се смири ситуацијата на северот на Косово ќе има негативни последици, а Европската унија е подготвена да спроведе решителни мерки во оваа прилика, се вели во соопштението на 27-те земји-членки на ЕУ, објавено на 3 јуни 2023 година.

„Очекуваме Косово да дејствува на начин што не ескалира и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово“, се вели во соопштението.

Се додава дека новоизбраните градоначалници покрај во општинските згради привремено треба да ги извршуваат своите должности и во други простории, а што поскоро да се распишат и предвремени избори.

„Очекуваме учество на косовските Срби на овие избори“, се вели во изјавата што портпаролот на ЕУ Петер Стано ја објави на Твитер.