Косовскиот Совет за безбедност наложи јакнење на контролата на границата со Србија

0
31

Советот за безбедност на Косово им наложи денеска на надлежните органи и институции да ја зајакнат контролата на границата со Србија, откако вчера беа уапсени тројца припадници на косовската полиција од страна на српски сили.

Премиерот Албин Курти на прес конференција по седницата на Советот изјави дека вчерашното дејствие на Србија претставува агресија кон Косово и обид за дестабилизација, во време кога се бара решение за смирување на состојбата во северно Косово.

– Расправавме за севкупната безбедносна состојба, со акцент на четирите северни општини и граничните точки со Србија. Безбедносните институции дадоа оценки и ги предложија мерките кои треба да се преземат. Вчерашното дејствие на Србија претставува агресија кон нашата демократска држава, одмазда кон полицијата и намера за дестабилизација во реме кога го претставивме планот од пет точки (за северно Косово). Од тие причини, безбедносните институции ја зајакнаа контролата на границата со Србија, посебно за транспортните средства. Вчерашната повреда од страна на Србија не принудува да ја зајакнеме граничната контрола, како и да воведеме забрана на движење во случаи кои можат да претставуваат опасност, изјави Курти.

Тој рече дека не го изненадуваат дејствијата на Србија, но е изненаден од „толеранцијата и молчењето на меѓународниот фактор“ кон однесувањето на Белград.

Извор С.П